Дома Фудбал Лига на шампиони Монако бара мечот да се одложи за сабота!

Монако бара мечот да се одложи за сабота!

Фудбалскиот клуб Монако, побара првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, да биде одложен и да се одигра в сабота.

Дуелот на двата тима, на програмата беше синоќа, но поради терористичкиот напад врз автобусот во кој беа фудбалерите на Борусија, УЕФА реши натпреварот да биде одложен и тој да се одигра во денес од 18:45 часот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалероте на Борусија Марк Бартра беше повреден во бомбашкиот напад на клупскиот автобус. Шпанскиот репрезентативец веднаш е опериран, поради сршеница на подлактицата и расекотините на десната дланка.

Германската полиција работи на расветлување на случајот и најави дека ќе стори се што е во нејзина моќ, натпреварот во среда да мине без проблеми.

Од друга страна во Монако веруваат дека најдобро би било натпрвеварот да биде одложен и да се одигра в сабота. Директорот на клубот Бруно Скопета го поднел барањето до УЕФА, која во најкусо време треба испрати одговор.

Барањето на клубот натпреварот да биде одложен за уште неколку дена го поддржа и принцот Алберт.

„Спортот не треба да биде заложник на лудаци. Не постојат зборови со кои би можеле да се опишат тие луѓе, додека чекаме да ги дознаеме вистинските мотиви за нападот. Можеби е најдобро натпреварот да не се игра во среда. Најдобро и најлесно е да се одложи натпреварот. Што и да се случи мислам дека треба да го поместиме распоредот на натпреварите во француското првенство“, изјави принцот Алберт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола излезе на пресот со крвав нос и со лузни по лицето. Слушнете го објаснувањето

Нов неуспех на Манчестер Сити и неговиот тренер. Откако Пеп Гвардиола загуби пет натпревар…