Откако Гери Невил и Рајан Гигс, легендите на Манчестер Јунајтед ја воодушевија јавноста во Велика Британија со потегот да ги отворат вратите на нивните хотели за вработените во здравството, стигна и одговор овој нивни чин.
Двата хотела во Манчестер кои ги поседуваат легендите на Јунајтед ги отстапија на сите доктори, сестри и останати борци кои се во првите редови во борбата против короната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега еден син на медицинска сестра јавно им се заблагодари.
„Сакам да му кажам благодарам на Гери Невил кој мојата мајка ја смести во хотел за без проблеми да продолжи да работи во болницата“, напиша синот на медицинската сестра.
— Gary Neville (@GNev2) March 24, 2020