Дома Фудбал Италија „Момчето кое ги сака кокошките“ испиша историја: Цела Италија зборува за „петелот“

„Момчето кое ги сака кокошките“ испиша историја: Цела Италија зборува за „петелот“

Незапирливиот голгетер на Торино, Андреа Белоти по кој знае кој пат блесна оваа сезона и протув Палермо постигна хет-трик за само 8 минути.

Гостите со Сицилија водеа во првото полувреме, а Белоти „сам“ направи пресврт со трите гола за осум минути од 73-та до 81 минута.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со овие три гола Белоти стигна до бројката 22 гола оваа сезона и е на првото место на листата стрелци во Италијанската Серија А…Игуаин, Икарди, Џеко му гледаат во грб.

„Белоти е најдобар напаѓач во Италија и во иднина може да биде еден од најдобрите во светот. Мислам дека клаузулата од 100 милиони евра во неговиот договор е мала. Раководството треба да размисли и да ја зголеми на 150 милиони евра“, изјави тренерот Синиша Михајловиќ.

Надимакот на Белоти е „Ил Гало“ (Петел), а тој секој гол го прославува правејќи со раката кикиришка од петел. Тој надимак го добил бидејќи како дете со часови гледал во кокошките на фармата од татка му.

Петелот е модерен напаѓач каков Италија одамна немала…а има само 23 години!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …