Дома Фудбал Може ли некој да ја плати клазулата на Меси?! – Директорот на Барса: Може, ова е лудо време!

Може ли некој да ја плати клазулата на Меси?! – Директорот на Барса: Може, ова е лудо време!

messi

Трансферот на Нејмар минатото лето промени се, директорите стравуваат за своите најдобри играчи, но вакво нешто веројатно е премногу.

Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона и во него беше вметната клазула од 700 милиони евра. Неговиот договор има важност до 2021 година, а потоа би можел кариерата да ја заврши во својот Њуелс во Аргентина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овие денови во медиумите се појавија информации дека поради притисокот од семејство би можел да се врати порано, но јасно е дека шансите за такво нешто се мали.

Но, може ли некој да ја плати клазулта и да го доведе?

Навистина е лудо да се помисли такво нешто, но финансискиот директор на Барселона, Панчо Шредер не се осмелува да каже дека не е можно.

„Може! Истото го мислевме и за Нејмар дека нема шанси, но видовте што се случи. Ова е лудо време и сМе е можно“.

Иако тврди дека може, навистина е тешко да се поверува дека некој клуб ќе пронајде начин до толку многу да го изигра ФФП (финансискиот фер плеј) и да плати 700 милиони евра. Што е уште поважно, Меси барем како што изгледа во овој момент не би ја напуштил Барселона за да премине во ПСЖ или Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…