Барселона вечерва игра на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи во првиот натпревар од осмина финалето во Лигата на Шампионите. Во Барселона сите надежи ги наоѓаат во Меси, кој нема добро искуство во натпреварите против лондонскиот клуб.
Барса и Челзи во последниве десет години имаа неколку жестоки двобои во нокаут фазата од ова натпреварување и сигурно дека не очекуваат многу возбудувања во следните два натпревари. Првиот натпревар се игра вечерва во Лондон, а во центарот на вниманието се наоѓа еден од најдобрите играчи во светот, Лионел Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Меси во својата кариера постигна гол речиси против секоја екипа против кого играл, но Челзи за него и понатаму е кошмар. Аргентинецот против англискиот тим во шест години одигра дури осум натпревари, но не успеа да ја затресе мрежата на „Сините“. Првиот пат настапи во 2006. година, а последниот натпревар го одиграа во 2012. година во полуфиналето од ЛШ. Тогаш Меси беше најблиску до постигнување гол на лондонскиот тим, кога промаши пенал. Против „Сините“ на теренот беше 655 минути, но не го пронајде рецептот како да постигне гол.
Сигурно дека вечерва Меси ќе се обиде да ја прекине оваа црна серија против „Сините“, а многумина веруваат дека ова ќе биде и личен двобој.