Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ беше многу задоволен од првиот бараж натпревар против Грција, но потенцираше дека не смее да има опуштање.
Хрватска во првиот натпревар пред своите навивачи ја совлада Грција со 4:1.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Одигравме одличен натпревар од првиот до последниот фудбалер. 4:1 звучи одлично, не смееме да бидеме незадоволни со резултатот, тоа е и повеќе од тоа што очекувавме. Ја завршивме работата до половина, но нема опуштање. Не смееме да паднеме во еуфорија, не чекаат тешки 90 минути“, истакна Модриќ.
„Грците ни дадоа гол од првиот прекин и покажаа колку се опасни. 4:1 може да биде залажувачки резултат, ако не ја повториме играта и во реваншот. Навистина ќе биде трагедија да пропуштиме ваква предност“, закличи Модриќ.