Дома Фудбал Останато Модриќ со пофални зборови за својот соиграч

Модриќ со пофални зборови за својот соиграч

Официјално најдобриот фудбалер во светот, Лука Модриќ во разговор за францускиот „Тelefoot“ по фали својот соиграч Карим Бензема.

Иако за Реал во текот на девет години постигна повеќе од 200 гола, со што е еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот, медиумите и навивачите често го оспоруваат Бензема во чија одбрана застана Модриќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека луѓето не разбираат колку Бензема е добар и колку всушност е важен за нашата екипа. И Варан е одличен, но пред се е одлична личност. За мене тој е еден од најдобрите одбранбени играчи во светот“, изјави Модриќ.

Модриќ додаде дека Варан му честитал за Златната топка и дека не бил воопшто љубоморен, иако тој исто така фигурирал како еден од најсериозните кандидати за престижната награда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голема трагедија: Почина ќерката на поранешен фудбалер на Шкупи

Поранешниот македонски шампион Шкупи објави дека се случила трагедија во семејството на ни…