Плејмејкерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да остане на „Сантиаго Бернабеу“, па дури е спремен да прифати и помала плата, пишува „Макра“.
Актуелниот договор на 35-годишниот Хрват истекува на крајот на сезоната, но Модриќ не ја крие желбата да остане во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мориќ во 2018 година беше изјбран за најдобар фудбалер во светот, но минатата сезона не ја започна на најдобар начин. Сепак, после паузата поради пандемијата Хрватот ја подобри формата и повторно игра одлично.
Модриќ е еден од најважните фудбалери во тимот на Зидан, па голема е веројатноста „кралевите“ да му понудат нов договор, а според пишувањата на медиумите двете страни нема да имаат проблем да се договорат.