КАРЛО АНЧЕЛОТИ ги потврди медиумските шпекулации за промени во Реал Мадрид.
Италијанскиот тренер реши да ја смени формацијата 4-3-3 и да проба некои други варијанти во пресрет на новата сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми шпекулираат дека тоа треба да биде формација 4-4-2, во која акцентот би бил ставен на моќниот среден ред.
Анчелоти има голема ширина во средниот ред. Заедно со ветераните Лука Модриќ (38) и Тони Крос (33), тука се Федерико Валверде (24), Едуардо Камавинга (20), Аурелиен Чуамени (23), Дани Себаљос (26), Арда Ѓулер (18), Брахим Дијаз ( 23) и Џуд Белингам (20). Анчелоти планира да игра со четворица играчи од средниот ред.
Модриќ и Крос испаѓаат од составот?
Пред одбраната Анчелоти ги гледа Чоамени или Камавинга, а на левата страна од средниот ред Камавинга. Десно може да се најде Белингем, а пред нив Валверде, според Шпанците.
Тоа значи дека Модриќ и Крос би можеле да ги загубат стартните позиции. „Мора да се обидеме да најдеме нов стил на игра. Можна е нова формација“, изјави италијанскиот тренер за шпанските медиуми.
Анчелоти откри дека повеќе нема да го користи Камавинга на позицијата лев бек, туку ќе го врати во средниот ред.
Покрај тоа, Реал Мадрид и Анчелоти го гледаат Чоамени како еден од клучните играчи следната сезона, а на претстојната турнеја во САД, Реал ќе игра со нова формација.