Дома Фудбал Модриќ: Зидан уште еднаш ја покажа класата!

Модриќ: Зидан уште еднаш ја покажа класата!

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ изјави дека освоената титула во Примера оваа сезона е заслуга на тренерот Зинедин Зидан.

Хрватот имаше само пофални зборови за својот тренер, кој според него уште еднаш ја потврдил својата класа.

„За мене оваа титула е потврда дека можам да играм во континуитет, да бидам протагонист, а не статист. Потврда дека ова и понатаму е голем Реал и навивачите може да бидат среќни. Нема дилема дека тренерот Зидан беше клучната личност за пресвртот во сезоната. Ја потврди класата, уште еднаш се покажа како врвна личност. Тој дава смиреност, многу е коректен во пристапот на играчите“, рече Модриќ и проговори за својата иднина.

„Реал е мојата куќа, но знам дека овде играчите од среден ред и напаѓачите ретко ги задржуваат по 35 години. Јас успеав и тоа не ми е подарено, туку го заслужив со работа. Ако Реал процени дека не сум веќе истиот, подготвен сум и на таа несакана опција“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…