Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години стигна до победа против Полска од 28:26 на стартот од втората фаза во која разигруваме за од 9-тата до 16-тата позиција на ЕП.
Македонија имаше контролата во текот на целиот натпревар. Кон средината полувремето со една серија 7:2 дојдовме до највисоките шест гола разлика со резултат 26:20. По тој период дојде до опуштање во нашите редови, меѓутоа полските ракометари беа далеку од тоа да ја загрозат конечната победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најефикасни во нашата селекција со по четири гола беа Узунчев, Митев и Калајџиоски, по три имаа Субашевски и Карасманкис.
Утре од 12:00 часот македонските млади ракометари ќе играат против Романија, а во последниот натпревар на 18-ти јули не чека дуел со Франција.