Славата на ѕвездите овој викенд можеби ќе им ја одземат младинците на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Во натпреварот од 13. коло во Премиер лигата за тимови до 23 години, Манчестер како гостин славеше со 3:6 во неверојатен натпревар. Јунајтед водеше 0:2 со головите на Диало и Хугли во 24 минута. Ливерпул се врати преку Мортон и Лонстаф (2:2).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во второто полувреме свое шоу имаше Хугли. Фудбалерот на Јунајтед за 15 минути постигна хет-трик. И тука не беше крајот, Диало во 74. минута погодува за 2:6, а Харди во 83. минута ги постави конечните 3:6.