Младата репрезентација на Србија која во квалификациите за Еуро 2023 е во група со Македонија остана без селектор откако фудбалскиот сојуз и Звонко Живковиќ спогодбено го раскинаа договорот.




Во досегашните натпревари од квалификациите Србија оствари само една победа и тоа против Ерменија во Ереван со 1:4, потоа изгуби од Франција во Белград, ремизираа со нас во Охрид, а изгубија дома од Украина. Со четири освоени бодови тие се претпоследни во групата.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Фудбалскиот сојуз на Србија и селекторот Зонков Живковиќ спогодбено го раскинаа договорот. ФСС му се заблагодарува на досегашната работа и му посакува се најдобро“, стои во објавеното соопштение.
Привремено Србија ќе ја води Александар Рогиќ.