Заминувањето на Кристиано Роналдо и трансферот во Јивентус беше изненадување за поголемиот дел од фудбалските фанови, но Предраг Мијатовиќ и не се изненадил премногу.
Поранешниот фудбалер на „кралевите“ и репрезентативец на Југославија смета дека незадоволството кај Роналдо било присутно долго време и дека Португалецот не донел одлука „преку ноќ“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во разговор за португалската „А Бола“ Мијатовиќ откри кој според него е најголемиот виновник за заминувањето на Роналдо.
„Не верувам дека тоа е одлука која се случила „преку ноќ“. Мислам дека неговото заминување е долг „процес“. Веројатно на релација со Флорентино Перез односот бил нарушен, не знам точно што се случило, но сигурен сум дека постоеле проблеми помеѓу двете страни“, јасен беше Мијатовиќ.
Иначе, Роналдо утре го завршува својот летен одмор и започнува со припремите за новата фудбалска авантура.