По првите две гола во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Вардар забележа два порази, а в недела го очекува натпревар против Воска.
Воска како и Вардар има два порази, па сега некој или двете екипи ќе ја прекината серијата од мини порази. Еден од столбовите на одбраната на Вардар го најави овој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според дефанзивецот Ненад Мишковски, Вардар прикажал добра игра со Брера и Шкупи во првите две кола, но среќата не ги посакала.
„Обврска на Вардар на секој натпревар е да оди на победа, така ќе биде и во недела во Ојрид. Работиме добро, атмосферата и заедништвото во клубот се на високо ниво и покрај резултаски негативниот старт на сезоната.
Веруваме во себе, среќата не нѐ посака на првите два натпревара и покрај добрата игра, но убедени сме дека со секој следен натпревар ќе растеме како екипа, а со тоа ќе дојдат и победите. Ги повикуваме и сигурни сме во огромна поддршка на нашите Комити в недела во Охрид. Со нив какои секогаш ќе ни биде многу полесно да дојдеме до посакуваната цел“, вели Мишковски.
Воска и Вардар се среќаваат в недела од 17:00 часот во Охрид на стадионот „Билијанини Извори“.