Аталанта во рамките на 35. коло во Серија А ја пречека Болоња, а тренерот на домашната екипа во 36. минута мораше да го напушти теренот.
Имено, после еден остар старт на средината на теренот, Гасперини нешто му дофрли на играчот на Болоња, на што Михајловиќ жестоко реагираше.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Зошто зборуваш со него? Зборувај со своите играчи, што к** сакаш?“ – рече Миха од аут линијата.
Реагираше и главниот арбитар, на Миха му покажа жолт картон, а Гасперини поцрвене.
„Зошто јас?“ – реагираше Гасперини.