Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз на гостувањето кај Романија во Клуж (26-25), но и покрај тоа, ќе игра на ракометниот Мундијал в година затоа што Романците не успеаја да ја анулираат негативата од осум гола во Скопје.
Во Клуж беше и жешко и тешко за играње, Македонија не успеа да ја повтори играта од Скопје и во сите 60 минути буквално се мачеше на теренот.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Најдобар во победничкиот табор кај Македонија беше Манасков со 7 гола, додека капитенот Кирил Лазаров даде шест гола.
На спротивната страна, Григораш постигна девет гола, додека голманот Попеску беше еден од најзаслужните зошто Романија беше во игра на овој меч и заврши со 11 одбрани.