Дома Фудбал Останато Милорад Мажиќ ја заврши кариерата

Милорад Мажиќ ја заврши кариерата

Познатиот српски судија Милорад Мажиќ (47) одлучи да ја заврши кариерата.

Како што тврдат српските медиуми 47 годишниот Мажиќ изненадувачки одлучил да ја заврши професионалната кариера и да се посвети на други ангажмани.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Тој одлучил да ја прифати понудата од Фудбалскиот сојуз на Кипар. Во оваа земја тој ќе биде главен во судиската организација и потпиша договор на две години.

Мажиќ и претходно знаеше да изненади со своите одлуки. Претходната година ипол ја помина во Кина, а зад себе има богато искуство со судење големи натпревари.

Го судеше финалето во Лигата на шампионите во 2018 година, две години претходно беше на центарот во финалето на Суперкупот на Европа, судеше и во финалето на Купот на Конфедерации во 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олмо погоди, Шпанија доаѓа во водство🎥

После израмнетото прво полувреме каде двете репрезентации ги одмеруваа силите Шпанија доаѓ…