Најголемата ѕвезда во српската репрезентација, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е сигурен дека неговиот тим може да го победи Бразил во третото коло од Мундијалот.
Србија загуби од Швајцарија во второто коло, па сега единствено со победа над Бразил може да се пласира во елиминациската фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние треба да заборавиме на она што се случи на средбата со Швајцарија. Сега треба да се свртиме на мечот со Бразил кој за нас е меч на животот. Немате многу шанси да играте против Бразил. Со нив имав дуел во Нов Зеланд како член на младинската српска селекција, но сега е нешто друго. Повисоко ниво со повеќе искусни играчи. Сепак, тогаш ги фрустриравме Бразилците и тоа ми дава надеж дека може да успееме“, изјави СМС.
„И Бразил има слабости. Играм со неколку Бразилци во клубот и знам како тие мислат, секој сака да го постигне гол и се со помала концентрација на одбраната. Ние ќе се обидеме да играме со контранапади, бидејќи тие напаѓаат со многу играчи високо. Тука имаме шанса“, заклучи Милинковиќ-Савиќ.