Сергеј Милинковиќ Савиќ веќе неколку преодни рокови наназад се поврзува со заминување од Лацио, но барем засега се уште е во клубот.
Пред кризата направена од пандемијата со коронавирусот Клаудио Лотито не сакаше да слушне да го продаде за сума пониска од 120 милиони евра, меѓутоа сега ситуацијата сега е поинаква.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми денес пишуваат дека Лацио сега ќе се согласи да го пушти Савиќ и за 80 милиони евра.
Ова би можела да биде прифатлива цена за клубовите кои покажаа интерес за Савиќ. Савиќ има 25 години и уште долго време може да игра фудбал на највисоко ниво.
За српскиот фудбалер најголем интерес покажаа ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Новиот клуб на Савиќ може да биде поврзан и со иднината на Пол Погба кој исто така се поврзуваше со Реал и ПСЖ.