Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер даде интересна изјава во врска со бившиот тренер Карло Анчелоти.
Германскиот репрезентативец изјави дека тој и неговите колеги се единствени виновници за отказот кој го доби италијанскиот стратег.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Многу од нашите проблеми беа создадени од самиот тим. Фудбалерите не го покажаа тоа што се очекуваше од нив. Треба да бидеме реални и да го признаеме тоа. Не треба да го земаме Анчелоти како единствен виновник. Сега се надеваме под водство на Хејнкес да бележиме подобри резултати. Поради тоа беше направена тренерска смена“, изјави Милер.