Томас Милер вели дека Хаверц е голем талент, веројатно и најдобриот во својата генерација, но се прашува како ќе платат 100 милиони евра во време кога платите на играчите се намалија поради кризата со коронавирусот.
До пред неколку месеци тој износ веројатно немаше да биде проблем, но сега ситуацијата е многу поразлична. Поради пандемијата клубовите изгубија десетици милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Кога бев дел од германската репрезентација, неколку пати имав прилика да го видам талентот на Хаверц од прва рака. Нема сомнение дека е добар фудбалер, можеби најдобар во својата генерација.“ – изјави Милер и додаде:
„За жал, не ја знам финансиската ситуација во Баерн, но можам да кажам дека по малку е парадоксално кога се во прашање високите трансфери, а истовремено платите на фудбалерите се намалуваат.“
Покрај Баерн, за услугите на Хаверц сериозно е заинтересиран и Челси, но Баварците секогаш се фаворити за донесување германски талент.