Дома Фудбал Лига на шампиони Милер лут: Требаше да победиме 6:3, а сега…

Милер лут: Требаше да победиме 6:3, а сега…

Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер не го криеше незадоволството после поразот од ПСЖ (2:3) во Лигата на шампиони.

Баерн создаде многу шанси, но не ги искористи, па сурово беше казнет од страна на Пари Сент Жермен.

„Моравме да постигнеме повеќе голови со оглед на шансите кои ги создадовме, ако беше 5:3 или 6:3, никој не требаше да се пожали од нивна страна. Некако си пукавме во нога. Сега мора да влегуваме од задна врата“, истакна Милер.

„Ако имавме поголем убиствен инстинкт овојпат, ќе разговаравме за друг натпревар и друг епилог. Не се справивме многу добро со нивните контри, но ПСЖ има голем потенцијал“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…