Дома Фудбал Лига на шампиони Милер: Играме против најголемите насилници во Европа и ти ми даваш жолт за ова?!

Милер: Играме против најголемите насилници во Европа и ти ми даваш жолт за ова?!

Баерн одлично ја започна новата сезона во Лигата на шампионите во која го брани трофејот.

Баварците вчера на „Алијанц Арената“ го декласираа Атлетико Мадрид со 4:0 и така само уште еднаш потврдија дека и оваа сезона ќе бидат кандидат за титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа вниманието на шпанските медиуми во овој дуел го сврте Томас Милер. Неговата реакција откако доби жолт картон за стартот над Трпиер е нешто за што се зборува.

Тој играчите на Атлетико наводно ги нарекол најголемите насилници во светот на фудбалот додека протестирал кај судијата Мајкл Оливер.

„Што е ова? Се шегуваш? Играме против најголемите насилници во фудбалот и ти ми даваш жолт картон за ваков прекршок“, наводно биле зборовите со кои Милер се обратил до главниот судија.

Шпанците се навредиле од овие зборови и медиумите од оваа земја многу пишуваат на оваа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Билетите за баражот на Македонија со Данска пуштени во продажба!

Македонската А репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данск…