Дома Фудбал Германија Милер доби неверојатна понуда од Кина

Милер доби неверојатна понуда од Кина

0

Според пишувањата на германски Кикер, ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер добил богата понуда од неименуван кинески клуб.

Наводно, на Милер му е понудена годишна плата од неверојатни 25 милиони евра, односно околу 480.000 евра неделно.

Меѓутоа, се чини дека навивачите на Баерн не треба да бидат многу загрижени дека Милер може да се најде во искушение поради понудата.

Според пишувањата, Милер во овој момент не е премногу заинтересиран за преселба во Кина, бидејќи сака да остане да игра на највисоко ниво.

Освен тоа, 29-годишниот играч има добра плата во Баерн, заработува околу 15 милиони евра годишно.

Милер претходната сезона запиша 45 настапи и запиша девет погодоци и 16 асистенции. Тој со Баерн има договор до 2021. година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лигата на Нации започна пред една година, а УЕФА веќе прави измени?

Управата на европскиот фудбал е спремна утре во Љубљана да разговара за рефоррми во Лигата…