Дома Фудбал Италија Милан – 122 години историја, љубов, гордост!

Милан – 122 години историја, љубов, гордост!

Италијанскиот гигнат Милан денес го празнува својот 122 роденден. На денешен ден во 1899 година, Херберт Калпин го основал фудбалскиот клуб Милан, кој денес е еден од најтрофените клубови во Европа.

Миланскиот гигант е првиот италијански клуб кој ја освоил Лигата на шампиони, во 1963 година, а потоа истиот успех го повторил и во 1969 година. Сепак, најславниот период го доживува после 1986 година кога на чело на клубот доаѓа Силвио Берлускони.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денес Милан има седум титулу во Лигата на шампиони и 18 Скудета во Италија, плус бројни интернационални трфеи, што го прави еден од најтрофејните клубови во Европа.

Притоа, во Милан продефилираше голем број на фудбалски ѕвезди и легенди, па денес „росонерите“ можат да се пофалат со 9 освоени „Златни топлки“.

После кратката авантура на кинеските сопственици и неколкуте слаби години, клубот сега е во сопственост на американскиот фонд „Елиот“, кој му донесе финансиска стабилност на италијанскиот гигант.

Милан оваа сезона повторно се бори за Скудетото и полека се враќа на старите стази, каде и што припаѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити официјално го претстави Донарума

Повеќе од недела откако беше објавено дека Џанлуиџи Донарума ќе се приклучи на Манчестер С…