Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за напаѓачот на Тотенхем, Стивен Бергвајн.
Холандскиот репрезентативец може да игра како крилен, но и како централен напаѓач, па поради тоа „росонерите“ веруваат дека би бил идеално засилување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
24-годишниот Холанѓанец не е во плановите на Конте и добива мала минутажа оваа сезона, па и самиот сака да ја промени средината.
Бергвајн беше на излезна врата уште во зимскиот преоден рок, а медиумите тврдат дека на лето сигурно ќе си замине од Тотенхем.
Милан ја следи ситуацијата и наскоро ќе стапи во контакт со неговиот агент, па сака на лето да го донесе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ ќе се обидат да го донесат Холанѓанецот на позајмица со право на откуп за 25 милиони евра.
📰 CM: #THFC winger emerges as a summer opportunity – #ACMilan making profound reflectionshttps://t.co/Jd3SBngTCs #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) February 18, 2022