Англискиот фудбалер за врска Џек Вилшер по се изгледа дека на крајот на сезоната ќе го напушти Арсенал.
Вилшер има договор со лондонскиот клуб до крајот на сезоната, а неодамна Арсенал му достави понуда за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Плејмејкерот на „Емирати“ заработува 120.000 фунти, но доколку сака да остане во Арсенал ќе мора да прифати значително помала плата.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го донесе Англичанецот на „Сан Сиро“ без обештетување.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и доставиле понуда, па италијанските медиуми тврдат дека големи се шансите Вилшер од следната сезона да се пресели во Серија А.