Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а последно име на списокот на „росонерите“ е Жуниор Фирпо од Барселона.
Фирпо не влегува во плановите на новиот тренер Роналд Куман и може да ја промени средината уште во јануари.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Барселона е спремна да го продаде бидејќи има потреба од финансиски средства, а најсилен интерес за Фирпо во моментов покажува Милан.
„Росонерите“ бараат алтернатива за Тео Хернандес и веруваат дека Фирпо ќе биде одлично решение. Милан веќе испратил понуда до Барселона и го сака играчот на позајмица со право на откуп.
Барселона е спремна да го пушти, но сака перманентен трансфер, па поради тоа трансферот на „Сан Сиро“ е тежок за реализација.
Il #Milan cerca un vice #TheoHernandez : contatto col #Barcellona per #JuniorFirpo https://t.co/gcu0UK26T4 pic.twitter.com/NMBKObVmG2
— calciomercato.com (@cmdotcom) January 18, 2021