Милан во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид, пренесува „Газета дело Спорт“.
Милан е во потрага по врвен напаѓач кој ќе биде наследник на Жиру, а прва желба е токму Џонатан Дејвид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот веќе работи на трансферот на напаѓачот кој веќе неколку сезони блеска во Лига 1. Ова лето неговата цена беше 60 милиони евра, сума која Милан не сакаше да ја плати.
Меѓутоа, Дејвид на лето вчегува во последната година од договорот и Милан верува дека ќе го комплетира трансферот за 40 милиони евра.
„Росонерите“ сакаат да ја победат конкуренцијата и уште во јануари да го договорат трансферот на одличниот напаѓач.
📰 @lucabianchin7: Negotiations between AC Milan and Lille regarding Jonathan David's future may commence as early as January. pic.twitter.com/QeHPGuBvfR
— Milan Posts (@MilanPosts) October 17, 2023