Дома Фудбал Италија Милан со среќен автогол ја победи Џенова🎥

Милан со среќен автогол ја победи Џенова🎥

Фудбалерите на Милан остварија тешка, но многу важна победа против Џенова од 2:1.

„Росонерите“ одлично го отворија мечот и поведоа уште во 14-та минута со прекрасен гол на Ребиќ. Џенова потоа заигра подобро и почна да создава шанси, а Дестро во 37-та минута изрални на 1:1.

Во вториот дел „росонерите“ тргнаа на се или ништо, а моментот на одлука се случи во 70-та минута кога Скамака си постигна автогол. Топката после еден корнер го удри во грбот и заврши во голот.

Во 86-та минута Милан се спаси бидејќи два пати ја вадеше топката од гол-линијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алварез стана „персона нон грата“ во Атлетико Мадрид

Ситуацијата околу еден од најпознатите напаѓачи на денешницата зеде сосема неочекуван прав…