Дома Фудбал Италија Милан сигурно ќе го откупи Тонали

Милан сигурно ќе го откупи Тонали

Раководството на Милан донесе одлука да го откупи договорот на Сандро Тонали на лето, пренесува „Газета дело Спорт“.

Тонали минатото лето пристигна во Милан на позајмица од Бреша за која „росонерите“ платија 10 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан има опција да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

20-годишниот играч за врска е еден од најголемите таленти на Апенините и оваа сезона запиша 25 меча во Серија А, а во сите натпреварувања одигра 37 натпревари.

Малдини смета дека Тонали е еднината на тимот и сигурно ќе ја активира опцијата за негов откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе влезе во жесток разговор со четвртиот судија на мечот против Валенсија

Килијан Мбапе повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност, откако на натпреваро…