Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е блиску до договор за трансфер на Бало Туре од Монако.
Станува збор 24-годишен лев бек кој одигра одлична сезона со Монако и на 30 натпревари запиша 5 асистенции.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Милан е во потрага по лев бек кој ќе биде алтернатива за Тео Хернандес, а скаутите на „росонерите“ имаат високо мислење за Бало Туре.
Двата клуба се во напреднати преговори и се очекува во наредните денови да постигнат договор за трансфер тежок 6 милиони евра.
Коментари