Италијанскиот гигант Милан постигнал договор со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез, пренесува „Газета дело Спорт“.
Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
24-годишниот играч за врска блеска во дресот на Лил, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан сака да ја победи конкуренцијата.
„Газета дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ се во пол-позиција и дека ги договориле личните услови со Португалецот.
Лил не сакал да го пушти Португалецот во јануари бидејќи се уште настапува во ЛШ, но постигнат е начелен договор за трансфер на „Сан Сиро“ во јуни за 30 милиони евра.
Milan have tried to anticipate the arrival of Renato Sanches but unless surprises will not be able to bring him to Milan in January. However the operation is practically defined and the player will arrive in June!
— Lasha Kokiashvili (@LashaKoki14) January 30, 2022
[@GuarroPas]