Милан е во напредни преговори со Селтик за трансфер на дефанзивецот Кристофер Ајер, пренесуваат италијанските медиуми.
„Росонерите“ веќе подолго време го следат 22-годишниот Норвежанец, па во последно време презеде конкретни чекори за негов трансфер на „Сан Сиро“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересот на клубовите од Премиер лигата ги натера „росонерите“ да побрзаат со преговорите за да ја победат конкуренцијата.
Ајер важи за голем тален на кого му се предвидува голема кариера, а во Милан е посакуван од Ралф Рагник, кој најверојатно ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона.
Агентот на дефанзивецот потврди дека неговиот клиент ова лето ќе го напушти Селтик, но не сакаше да ги открие имињата на клубовите со кои преговара.