Дома Топ вести Милан преговара со ѕвездата на Селтик

Милан преговара со ѕвездата на Селтик

Милан е во напредни преговори со Селтик за трансфер на дефанзивецот Кристофер Ајер, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ веќе подолго време го следат 22-годишниот Норвежанец, па во последно време презеде конкретни чекори за негов трансфер на „Сан Сиро“.

Интересот на клубовите од Премиер лигата ги натера „росонерите“ да побрзаат со преговорите за да ја победат конкуренцијата.

Ајер важи за голем тален на кого му се предвидува голема кариера, а Милан е во потрага по таков калибар на дефанзивец.

Агентот на дефанзивецот потврди дека неговиот клиент веќе има договор со „росонерите“, а „Скај Италија“ пренесува дека трансферот ќе изнесува 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…