Дома Трансфер зона Милан може да се засили со двајца играчи на Селтик

Милан може да се засили со двајца играчи на Селтик

Раководството на Милан е сериозно заинтересирано за двајцата фудбалери на Селтик, Кристофер Ајаер и Одсон Едуард, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ралф Рагник, кој од следната сезона ќе биде директор и тренер на „росонерите“ веќе подолго време ги следи младите фудбалери и сака да ги донесе на „Сан Сиро“.

Едуард важи за еден од најголемите таленти на Островот и за него интерес покажуваат неколку премиерлигаши. Напаѓачот оваа сезона одигра 45 меча за Селтик на кои постигна 27 гола и запиша 19 асистенции.

Ајер пак е дански репрезентативец кој важи за еден од најталентираните дефанзивци во Европа. Неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра, а покрај Милан интерес за него покажуваат уште Арсенал и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…