Дома Фудбал Италија Милан потврди одлични вести: Повредата на Ибрахимовиќ не е сериозна

Милан потврди одлични вести: Повредата на Ибрахимовиќ не е сериозна

Златан Ибрахимовиќ вчера ги загрижи фановите на Милан и воопшто на италијанскиот фудбал откако заработи повреда на тренинг.

„Скај Италија“ пренесе дека се работи за повреда на Ахиловата тетива и дека на Ибрахимовиќ му претстои долга пауза, па дури се шпекулираше со крај на кариерата.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Денес на напаѓачот му беа направени детални лекарски прегледи, а Милан со официјално соопштение ги израдува своите фанови.

„Златан Ибрахимовиќ има истегнување на бутниот мускул и нема никакво оштетување на Ахиловата тетива. Нови тестови ќе бидат направени за десетина дена“, соопштија од Милан.

Со оваа повреда се очекува Златан комплетно да се рехабилитира за две до три недели и ќе биде во можност да ја доигра сезоната во дресот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ сака двајца играчи од Барселона, а Каталонците им порачаа: Платете 130 милиони евра и ваши се

Во Барселона ова лето немаат намера да продаваат премногу играчи, но откако ПСЖ започна да…