Дома Трансфер зона Милан после Пакета има нова мета – „новиот Јаја Туре“!

Милан после Пакета има нова мета – „новиот Јаја Туре“!

Лукас Пакета практично веќе е фудбалер на Милан, а него би можел да му се придужи и играч од Брегот на Слоновата Коска.

Милан размислува на иднината, тоа го покажа со ангажманот на Лукас Пакета од Фламенго за сума од 35 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сега после ангажманот на 21 годишниот фудбалер за врска, Милан тргна по доведување на играчот роден 1997 година, Ибрахим Сангара.

Овој фудбалер настапува за Тулуз и многу потсетува на Јаја Туре, а според информациите од Франција вреди околу 20 милиони евра.

Во овој момент нема преговори, но во Милан ја спремаат првата понуда за играчот пред кого е светла иднина.

Секако, како и Јаја Туре, Сангара игра на позицијата последен играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…