Дома Фудбал Италија Милан незадржлив и без Ибрахимовиќ?

Милан незадржлив и без Ибрахимовиќ?

Милан продолжува со одличните партии, па денес на Сан Сиро падна и Фиорентина со 2:0.

Иако во тимот ги немаше Ибрахимовиќ и Бенасер поради повреди, сепак „росонерите“ лесно дојдоа до трите бода против Фиорентина.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Од самиот старт Милан тргна фуриозно и дојде до водство во 17-та минута, откако Ромањоли погоди после еден корнер. Неколку минути подоцна Кеси зголеми на 2:0 од белата точка.

Истиот играч имаше можност и за втор гол од белата точка, но Драговски го одбрани неговиот удар, па „росонерите“ рутински го одиграа мечот до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Изгубивме интерес за Лига на шампионите!

Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, но сега работи на др…