Дома Топ вести Милан на чекор до големо засилување

Милан на чекор до големо засилување

Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.

Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе постигнал договор со агентот на Собослај за 5-годишен договор тежок 1,5 милиони евра по сезона.

Собослај е голема желба на Ралф Рагник, кој ќе биде нов тренер на „росонерите“ следната сезона, а трансферот би требало да изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…