Златан Ибрахимовиќ и официјлано се врати во Милан, но „росонерите“ работат и на други засулувања во зимскиот преоден рок.
Милан одигра многу лошо во првиот дел од сезоната, па јасно е дека на тимот му се потребни засилувања, а раководството е во потрага по искусни и квалитетни фудбалери.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Италијанските медиуми пренесуваат дека најголема желба во зимскиот преоден рок ќе биде играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.
Матиќ влезе во последната година од договорот и не добива голема минутажа кај Солскјер, па и самиот е спремен да ја промени средината, а Серија А е негов прв избор.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ веќе испратиле понуда за српскиот играч за врска и чекаат одговор од „црвените ѓаволи“.