Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ е многу блиску до трасфер во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.
24-годишниот Пулишиќ веќе се договори со „росонерите“ и ги одби сите други понуди, бидејќи сака трансфер во Милан.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Милан и Челзи веќе подолго време се во преговори, но „сините“ ја одбија првата понуда од 15 милиони евра. Сега италијанскиот клуб испрати нова понуда од 22 милиони евра, па двете страни се блиску до договор.
Американецот влегува во последната година од договорот и јасно му порача на раководството дека сака трансфер на „Сан Сиро“.
Milan, #Pulisic è più vicino: offerti 22 mln al Chelsea. #SportMediaset https://t.co/fXkXPHcVvq
— SportMediaset.it (@sportmediaset) July 5, 2023