Mилан е блиску до враќање во Лигата на шампионите после долгогодишното отсуство и го припрема теренот за летни трансфери.
Утринските вести од Италија говорат дека соблекувалната на „росонерите“ би можела да биде дополнета со уште двајца играчи со презиме на „иќ“, станува збор за Душан Влаховиќ и Никола Власиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Власиќ игра одлично во ЦСКА и е најдобар играч во првенството на Русија, 23 годишниот фудбалер има вредност од 30 милиони евра.
Влаховиќ сезонава е одличен во дресот на Фиорентина и веќе е на бројката од 12 голови во Серија . Од Фиорентина не сакаат да разговараат за негова продажба за помалку од 40 милиони евра.
Со ова би се зголемила колонијата во Милан со играчи на „иќ“ (Круниќ, Ибрахимовиќ, Манџукиќ и Ребиќ).