Дома Топ вести Милан имаше нова средба со Бриж, повторно нема договор за Де Кетерлар

Милан имаше нова средба со Бриж, повторно нема договор за Де Кетерлар

Директорите на Милан, Паоло Малдини и Рики Масара имаа средба со колегите од Клуб Бриж за трансфер на Чарлс де Кетелар.

21-годишниот белгиски плејмејкер е примарна цел на „росонерите“, фудбалерите веќе има договор со Милан и инсистира на трансфер, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Откако минатата недека двете страни имаа средба во Белгија, денес се сретнаа во Лугано, но повторно не постигнаа конечен договор.

Милан ја подигнал понудата и стигнал до 33 милиони евра со вклучени бонуси, додека Бриж исистира да добие 35 милиони евра без бонуси.

Директорите на Бриж потврдија дека се уште нема конечен договор, но преговорите ќе продолжат во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…