Дома Трансфер зона Милан започна преговори со напаѓачот на Ливерпул

Милан започна преговори со напаѓачот на Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Оваа сезона Ориги настапи на три натпревари за Ливерпул во сите конкуренции, на кои постигна 1 гол и запиша 1 асистенција.

Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но и Милан, кој веќе започнал преговори со Ливерпул.

„Росонерите“ бараат напаѓач кој ќе биде алтернатива за Ибра и веруваат дека Ориги би бил идеална опција па сакаат да го донесат на позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…