Дома Трансфер зона Милан донесе одлука за иднината на Дест

Милан донесе одлука за иднината на Дест

Десниот бек на Милан, Сержињо Дест готово сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Дест е на позајмица во италијанскиот гигант од Барселона, но не ги задоволи барањата од тренерот и на лето ќе се врати на „Камп Ноу“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Дест до сега запиша 14 настапи, а само три пати се најде во стартниот тим. Притоа, тренерот Пиоли не го пријави десниот бек за настапите во Лигата на шампиони.

Милан има опција да го откупи на лето за 20 милиони евра, но веќе донесе одлука да не ја искористи таа опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…