Дома Фудбал Милан го избра наследникот на Пиоли

Милан го избра наследникот на Пиоли

Милан влезе во серија од разочарувачки резултати, иако очекувањата на „росонерите“ оваа сезона беа многу големи.

Вечерашниот натпревар против Борусија Дортмунд може да биде клучен за иднината на Стефано Пиоли на клупата на Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Клубот се уште не размислува за отказ на Пиоли, но тренерот повеќе не ужива голема доверба кај раководството.

„Скај Италија“ пренесува дека Милан сака да има спремна замена за Пиоли во случај да продолжат лошите резултати, а прва желба е Тиаго Мота.

Мота бележи одлични резултати на клупата на Болоња и „росонерите“ го сметаат како идеална замена за Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…