
Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, пренесуваат италијанските медиуми.
Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на централен напаѓач, а на врвот на списокот е токму Армандо Броја.
Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓
21-годишниот напаѓач минатата сезона ја помина на позајмица во Саутемтон каде одигра одлично и го привлече вниманието на „росонерите“.
Оваа сезона е во Челзи, но не добива голема минутажа, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе на „Сан Сиро“.
Златан Ибрахимовиќ ја игра последната сезона во кариерата, а во Милан веруваат дека Броја може да биде негов наследник.
Њукасл, Вест Хем и Борусија Дортмунд се исто така заинтересирани за напаѓачот, а Челзи за неговата слобода бара 30 милиони евра.
#Milan, c'è #Broja per l'attacco: il punto https://t.co/sPTqhcAGuG
— calciomercato.com (@cmdotcom) September 27, 2022