Дома Фудбал Останато Милан во Белград ќе темпира форма за Интер

Милан во Белград ќе темпира форма за Интер

Денес на програмата се натпреварите од Лига Европа, а најинтересно ќе биде во Белград, каде Црвена Звезда го пречекува Милан.

Црвена Звезда: Дали Милан е преголем „залак“?

После две последователни учества во ЛШ, Црвена Звезда оваа сезона ќе ја проба среќата во Лига Европа, а впечатокот е дека досегашните партии им се над сите очекувања. Имено, избраниците на Станковиќ во една сериозна група стигнаа до пласман во нокаут фазата преку второто место во групата каде што запишаа три победи, две реми и само еден пораз. Сепак не треба да се заборави дека пред крајот на групната фаза веќе беше обезбеден пласманот во наредната фаза. Кога е во прашање домашниот шампионат, Црвена Звезда е во супер суитуација и во овој момент се наоѓаат на првото место на табелата со шест бода повеќе во однос на второпласираниот Партизан. Хендикеп за Звезда е тоа што веројатно Катаи нема да биде спремен за овој дуел иако неодамна почна со тренинзите.

Милан: Приоритет е Серија А?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Малку кој очекуваше дека фудбалерите на Милан ќе играат толку добро оваа сезона особено после неколку катастрофални години каде што Росонерите не успеваа да стигнат до пласман во Европа. Во овој момент избраниците на Пиоли се наоѓаат на второто место на табелата во Серија А со бод помалку во однос на градскиот ривал и првопласираниот тим на Интер. Најлошиот натпревар Милан го изигра во претходното коло на гостувањето кај Специја каде што беа поразени со 2-0. Секако, пред тоа изиграа фантастично на два натпревари и славеа против Болоња и Кротоне. Кога е во прашање Лига Европа, Милан на гостувањата игра одлично и на три изиграни дуели запиша две победи и реми против екипата на Лил.

Наш предлог

Без сомнеж овде очекуваме еден исклучително интересен дуел. Познато е колку добро црвено-белите играат во Европа. Од друга страна Росанерите во Белград доаѓаат со полн состав, но големо е прашањето дали Пиоли ќе го игра Златан Ибрахимовиќ. Како и да е, најпрво овде ви нудиме да испробате со 0-2 гола со квота 1.84 во 1xBet, а исто така за Х во прво полувреме ќе си добиете одлична квота од 2.17 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Екс-дефанзивец на Челзи му порача на Палмер: Оди во Барселона!

Кол Палмер е еден од најважните фудбалери на Челзи, така беше минатата сезона, така е и со…